Македонија

Катица до судиите: Не се плашете од Русковска!

ФОТО: Фокус.мк

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева во својот воведен говор повтори дека не се чувствува за виновна по обвинението за „Рекет“.

-Не се чувствувам за виновна и знам дека обвинителството нема докази кои укажуваат на моја вина. Одам со крената глава, и можам секого да го погледнам во очи. Судиите да не се плашат од Русковска и нејзината најава дека ќе ги тресе од гаќи.  Горда сум на формирањето на СЈО и на тимот. Ја имав честа да формирам тим кој сработи 171 предмет, од притвор ги предадов на јавното обвинителство. Секој пат сум била општествено одговорна, истакна Катица Јанева во својот воведен говор.

Јанева додаде дека очекува праведна одлука која ќе ја  ослободи од обвинение кое ми го исконструира обвинителката Вилма Русковска. Се надевам дека не се плашите од нејзините закани дека ќе тресе гаќи, рече Јанева.

 

 

На почеток