Македонија

Јанева бара Русковска да ги најде и донесе парите кои наводно ги земала од Камчев

Адвокатите на Катица Јанева бараат Вилма Русковска во судница да ги донесе парите кои тврди дека ексшефицата на СЈО, ги земала од Орце Камчев. Тие тврдат дека тоа нема да се случи, а негираат дека постоел таков настан. Тие бараат од Русковска да предложи барем сведок, кој видел како Јанева земала 50 илјади евра.

„Она што и се става на товар во обвинителниот акт претставува дел од нејзините службени овластувања, кои имала право да ги превзема како шеф на СЈО. Во листата на докази, како сведоци ги предлагаме сите поранешни обвинители во СЈО, претходно вработени во СЈО, така што, сметам дека на наша страна ќе има доволно докази, за судот да донесе правилна одлука“, рече Фрчковска.

На почеток