Магазин

Хрватската претседателка дала согласност новиот десерт за деца да се вика „ЧОКОЛИНДА“

Претседателката на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ за хрватските медиуми вчера изјави дека нема ништо против тоа фабриката „Подравка“ еден од своите нови производи да го нарече Чоколинда.

„Им кажав на моите колеги во Подравка:  ‘ Јас ви давам согласност, се откажувам од какви било надоместоци, убаво е да излезете со нов производ, да го наречете така’“. Убедена сум дека сигурно ќе се продаде добро, не само во областа на Југоисточна Европа, туку и во Заливот и другите земји. Нека нашата земја расте, а мене нека ми се смеат колку што сакаат. Секако, јас сум загрижена за трендовите на лош и грд јазик, јазик на омраза, но ништо не може да ме поколеба “, пренесува „Пригорски“.

фото: Vesti.rs

фото: Насловна Kurir.rs

 

На почеток