Актуелно

Русија го возврати ударот- прогласи за персона-нон-грата бугарски дипломат

Русија прогласи за персона-нон-грата бугарски дипломат. Тој работел во Амбасадата на Бугарија во Русија и е со ранг како и рускиот дипломат во Софија кој беше прогласен за персона-нон-грата во крајот на октомври.

Бугарскиот амбасадор во Москва, Атанас Крастин, известен е дека дипломат мора да ја напушти Русија во рок од 24 часа во согласност со дипломатскиот протокол, потврди истовремено и руското министерство за надворешни работи.

„На 5-ти декември на бугарскиот амбасадор Атанас Крастин му беше врачена нота на министерството за објавување на советникот на амбасадата на Бугарија во Москва за ‘персона нон грата’. Овој чекор претставува рецупрочен потег на одликата од октомври на бугарските власти да протераат рускиот дипломат од земјатата“, соопшти руската дипломатија.

Бугарското министерство за надворешни работи кон крајот на октомври објави дека обвинителството започнало кривична постапка против руски дипломат. Меѓутоа, случајот бил запрен, бидејќи лицето како прв секретар на руската амбсада во Софија уживал дипломатски имунитет. Москва уште тогаш најави дека соодветно ќе одговори.

фото: БНР

 

На почеток