Македонија

Незадоволен полициски службеник пукал во станицата во Прилеп

Вработен во МВР вчера околу 15:15 часот во просторија која ја користи Агенцијата за национална безбедност, сместена во Полициската станица во Прилеп, испукал куршум од службеното оружје во подот.

-Вработениот во МВР, со иницијали З.М. денеска во просторијата што ја користи Агенцијата за национална безбедност, од службеното оружје, пиштол, испукал еден куршум во подот. Од испукувањето нема поврдени, а е причинета незначителна материјална штета. За случајот известен е јавен обвинител и е извршен увид на местото на настанот,  истакна портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во содејство со Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Прилеп преземаат мерки за расчистувањето на настанот.

За овој настан постојат неофицијални информации дека, од една страна вработениот не бил задоволен од прераспределувањето, а од друга, испукувањето се случило ненамерно при раздолжувањето со службениот пиштол.

извор: MИА

To Top