Магазин

(ВИДЕО) Валери не освојува со новиот имиџ и новиот спот за песна “ВОЗИ МЕ”

„Вози ме“, ја виде светлината на денот и ги брои првит еилјадници ,,лајкови,, на |you tube каналот. Валери,  во стил на големите музички ѕвезди г опромовираше видео записот.   Од вкупно издадени седум песни ова е четврти видео запис. Текстот и музиката,  го потпишуваат таа и Темелко Андреевски,  додека позади визуелниот запис застанува ГоранСимјаноски.

„Мислам дека направивме добар спот,  посебно сум задоволен од реакцијата на присутните гости на промоцијата , видов многу задоволни лица, очекувам добар прием кај македонската публика“, рече Симјановски.
Возиме е поп верзија во која доизреаз доагаат вокалните способности на младата велешанка. Тоа е песна создадена за заљубените кои за миг имат желба и потреба да бидат сами со себе без она што ги опкружува или како што Валери пее „некаде сами без очи завидни ,кај што нема луѓе и нема темни мисли”.

„Сеуште ги сумирам првичните впечатоции.Имам чуство дека Возиме е досега нешто најдобро што го имам создадено.Целиот тим работевме напорно и  сега кога го гледаме финалниот производ велам вредеше. Очекувам  „Возиме“,  да биде добро прифатена од публиката, ова е мој Новогодишен подарок за сите љубители на добрата музика“,  потенцира Валери.

Валери е дел од продукциската куќа Sidechain Produktion  . Од таму велат дека горди се што го препознале талентот на младата пејачка.
„Лесно е да се работи со веќе создадени ,,звезди,,  но ние се гордееме што кај Валери препознавме дека има талент и еден ден ќе биде голема ѕвезда.  Апелирам до сите , поддржете ја оваа млада девојка на патот додека се искачува кон врвот“, речеТемелко Андреевски.

Она што за првпат можеби на македонската музичка сцена се случи е фактот што промоцијата на „Возиме“ беше онаму каде и што се создаде, во комплексот Атлантис во Велес.

На почеток