нед. Јан 26th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

ФОТО: Голема полициска акција во Скопје, меѓу кои и во Грчец

Голема полициска акција се случува на неколку локации во Скопје, меѓу кои и во селото Грчец во близина на Сарај, потврдија за НОВА од МВР. Од полицијата не откриваат детали за што се работи, кого апсат и која е целта на акцијата.

Граѓани известуваат дека во Грчец има десетици полициски возила со специјални единици од МВР. Таму најверојатно акцијата веќе е при крај или е завршена. Другите локации во Скопје не се откриваат.

Во интерес на акцијата детали не се соопштуваат. Од МВР најавија дека со повеќе детали ќе излезат во текот на денот.

фото: НОВАТВ

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com