fbpx
чет. Авг 6th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Земјотрес од 4,2 степени во Албанија, почувствуван и во Црна Гора

Сеизмолошкиот институт на Црна Гора регистрирал земјотрес со јачина од 4,2 степени по Рихтер, а епицентарот се наоѓал на 18 километри јужно од Медова. Земјотресот бил регистриран 15 минути по полноќ, а бил почувствуван и во Црна Гора.

Овој потрес бил со средна сила, а хипоцентарот бил на длабочина од осум километри. Земјотресот можел да предизвика само помала материјална штета во епицентралното подрачје.

Инаку во катастрофалниот земјотрес во Драч  неодамна настрадаа 52 лица. Земјата сеуште се справува со последиците и пустошот кој го предизвика земјотресот.