Македонија

ЦИВИЛ прашува: Колку станови има Јанко Бачев?

Јанко Бачев и Филип Петровски ја продолжуваат својата насилничка кампања со познати методи. Овие политички маргиналци, успеваат да постигнат само едно – да го покажат својот радикализам, но и тежок простотилак, пишува Цивилмедиа.мк.

Од грдиот вербален напад што го изведоа Јанко Бачев и Филип Петровски врз пратеникот Сашо Василевски во Охрид, дознавме нешто интересно за имотната состојба на маргиналецот со руско знаме.

Имено, Бачев „се пофали“ дека има 14 станови во одговор на прашањето од пратеникот Василевски како се стекнал со 4 станови за само две години. Тој откри и дека парите му се од родителите кои „коските ги оставиле“ во Холандија.

Примитивниот бајрактар на руските интереси во Македонија, во својот хистеричен напад пред портите на домот на пратеникот, откри дека е богат и дека неговото богатство доаѓа од неговите родители што отишле на Запад за да создадат богатство за својот син.

Инаку, нема потреба посебно да се елаборира дека овој „перформанс“, хулиганското однесување под секое ниво на двоецот Бачев-Петровски дава повеќе од доволно материјал за Основното јавно обвинителство, без оглед на тоа дали нападнатите пратеници ќе покренат тужби или не. Хистеричен и радикален национализам, проследен со говор на омраза и хомофобни извици беа главни карактеристики на овој грд инцидент што го предизвикаа овие двајца хулигани вчера вечерта во Охрид.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток