Многу сериозно ќе го анализираме мислењето на Венецијанската комисија, ќе земеме предвид различни забелешки и ќе се трудиме да најдеме решение кое ќе биде плус за сите граѓани во државата. Ова денеска на прес-конференција го истакна заменик – претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска.
Таа денеска истакна дека зборот е збор, заради тоа што навистина веруваме дека треба да си го почитуваме тоа што сме го кажале. Некогаш, лесно е, како на денешнава прес конференција, да кажам зборот е збор. Ветивме НАТО, го испорачавме НАТО. Некогаш ќе добиете и поврел костен. Меѓутоа, по долгите дискусии за Законот за јазици, ние излеговме со текст зад кој што застанавме, добивме сериозно мнозинство и во Собранието. Но, кажавме и дека имаме одредени дилеми. И за тие дилеми и за целиот Закон, самата Влада побара мислење од Венецијанската Комисија. Според тоа што имавме прилика директно да го прочитаме, а не да го видиме толкувано од страна на некого, за некои прашања имаат дилеми, за некои прашања немаат дилеми, за некои прашања Венецијанската Комисија оди чекор напред. Многу сериозно ќе го анализираме мислењето, ќе земеме предвид различни забелешки, и ќе се трудиме да најдеме решение што ќе биде плус за сите граѓани во државата. Како Влада, побаравме од Венецијанската Комисија да ни достави мислење по Законот и да ни достави мислење по двете прашања кои што ги пративме, ќе пробаме да го извлечеме најдобриот можен резултат за сите граѓани. Ние, веруваме дека и јазичните права се права кои што ја градат кохезијата во државата. Законот веќе долго време е на сила. Никој не плати казна поради тоа што не знае албански, како што не критикуваа. Никој не е натеран да користи нешто што не го знае или не сака да го користи, како што некои тврдеа. Покажавме дека ова прашање не е табу. И покажавме дека ова прашање сакаме да го решаваме како држава која навистина гради едно општество за сите. Со таков дух, со такви аргументи, ќе го погледнеме мислењето на Венецијанската комисија и ќе излеземе со заеднички став. Не веруваме во еднократно менување на овие важни закони. Меѓутоа веруваме дека сите партнери во коалицијата ќе го почитуваме тоа што сме си го превзеле како обврска на почетокот. Сметаме дека ова не е прашање кое повторно треба да ја дели државата. Видовме како неодговорни политичари не доведоа до раб на војна создавајќи страв којшто беше нереален. Се надевам дека и државата, и граѓаните, па и некои од од партиите научија од тоа искуство. Ова беше партијата, и ова беше Владата којашто за разлика од еден претходен париод успеа да ги вклопи во своите закони претходните мислења на Венецијанска комисија по прашање на правосудство, по прашање на медиуми итн. И покажавме дека со такви чекори градиме посилни институции а не послаби институции. Сакаме да бидеме принципиелни по сите прашања, а сакаме да најдеме решенија коишто ќе бидат најдобри за нашата држава, истакна Шекеринска.