Скопје

Изгоре стан на Рузвелтова

Пожар пеплоса стан во зграда на улицата Рузвелтова, спроти седиштето на Специјалното јавно обвинителство.  Интервенираа пет противпожарни возила,  за среќа жртви и повреднеи нема. Според очевидците глетката била страшна. Тие раскаќуваат дека двајца од станарите цело време беа на терасата бидејќи биле заглавени и чекале огнот да биде целосно изгаснат.

Според првичните, неофицијални информации огнот избувнал поради невнимание при готвење и брзо се проширил во кујната, па и низ целиот стан.

Се утврдуваат причините поради кои избувнал огнот.

фото: Пресс24.мк

На почеток