fbpx
чет. Авг 13th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

ВИДЕО: Објавена снимка за „совршениот сопруг“- досега го гледале над седум милиони

Кинеската полиција објави видео за „совршениот сопруг“ кое за кратко време го гледале над седум милиони луѓе. Огромен интерес предизвика видеото со коешто полицијата го пофали сопругот кој беше и дозволи на бремената сопруга да седне на неговиот грб, како замена за столче во преполните ходници на болницата, додека чекаат на ред за преглед.

Во исто време, тие ги осудија останатите граѓани кои чекаа во болничкиот ходник, а не и отстапија место за да седне жената во одмината бременост.

Некои од нив седат и си играат на мобилен телефон, додека таа едвај стои покрај нив. Видеото е снимено во Хеганг во провинцијата Хеилонгџианг, во северо-источна Кина.