Македонија

Пронајдени 27 кг марихуана, приведени две лица од Албанија

На 08.12.2019 полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад и Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Охрид, по претходно добиени оперативни сознанија, кај с.Кажани – на патот за село Ѓавато, битолско, запреле патничко возило „опел вектра“, со ресенски регистарски ознаки, управувано од М.В.(43) од Р.Албанија, а како сопатник бил Т.М(36) од Р.Албанија. При преглед на возилото, полициските службеници пронашле и одзеле две торби со 27 пакувања марихуана со тежина од околу 27 килограми. Марихуаната била наменета за транспорт во Грција.

Лицата биле приведени во Полициската станица Битола и по целосно документирање на настанот, до Основното јавно обвинителство Битола, ќе биде  поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за  сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215  од Кривичниот законик на Р.С. Македонија.

фото: Архива

 

На почеток