чет. Јан 16th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Др. Лекоски: „Не е важно да го работиш тоа што го сакаш, туку да го сакаш тоа што го работиш“

Позитивен, реален, професионален, насмеан, искрен … Вака накратко може да се опише др. Мирко Лекоски. Хирург по професија. Имал можност да живее работи во Пула и да специјализира, но ја одбил понудата за да се врати и да се вработам тогаш во Здравствен дом Вевчани. Нема лични соништа. Вели Сонувам нашата убава Македонија да биде чиста,отворена и економски силна. Негово мото е „Не е важно да го работиш тоа што го сакаш, туку да го сакаш тоа што го работиш“. Во нашава работа не постои после и утре, туку сега и одма, вели др. ЛекоскиСакал да биде пилот, но станал хирург. Ја работи  малку постресната професија, отколку таа што ја сакал Охриѓани треба да се горди што Др. Лекоски после 6 години работа во Вевчани, па 22 во општата болница во Струга, сега работи во општата болница во Охрид. Др. Лекоски наш и ваш соговорник во Lifestyle.

Лекоски сака денот да го започне многу рано. Тој вели:

Др. Лекоски: Без разлика дали сум на работа или не, јас се будам рано со помислата „Еве уште еден ден се роди, но одмене многу зависи каков ќе си оди“. Со сопругата го пијам првото утринско нескафе.Прво морам да видам што кажува  нашиот господар Интернет… После тоа започнуваат подготовките за на работа. Во принцип многу брзо се спремам и доаѓам наработа каде секојдневно е навистина доста динамично со многу пациенти што би рекле луѓето „Како сите да се болни сите се по болници“. Во колку сум на „Мој термин“ во амбулантата вообичаено секогаш полна со пациенти од цела Македонија, затоа што Охрид е секогаш полн со луѓе. Покрај оние кои избрале да дојдат кај мене дента секако тука се и итните кои немаат избор, приоритетните и контролите така да чекалната е секогаш полна.

За др. Лекоски пациентите секогаш се на прво место. Крајно приступачен со нив и крајно искрен, токму поради овој негов пристап не е ни случајно што има многу пациенти кои крајно му веруваат.

Др. Лекоски: Секогаш успевам без гужва и расправија да ги услужам пациентите зошто секогаш тие се во право за што понекогаш добивам забелешки од мојот персонал дека многу им дозволувам на пациентите. Но тоа е мојот стил и неможам да се менувам. Во колку сум во Операциона сала денот изгледа сосема поинаку посмирено и порелаксирано за мене. Тоа е најголемото мое задоволство зошто тоа ме исполнува. Тоа е мојата професија мојот живот каде сум најкорисен, но и најисполнет. Да направиш неколку операции во денот е задоволство. Многупати работам и по 5-6 операции на ден и навистина се чувствувам среќен и задоволен кога ќе го завршам денот. Тоа значи толку решени проблеми и спасени животи вратени насмевки на лицата. Незнаете како ме чекаат и во очи ме гледаат оние кои чекаат да им кажам како поминав во сала. Една мајка кога и кажав дека одлично поминавме во сала синот е опериран од слепо црево, буден е ќе го донесат за неколку минути Ја извади шамијата од глава (бесе жена од село каде традиционално носат шамии) Го крена погледот кон бога и рече дај му господе од годините мои. Тоа чувство неможете да го знаете ако не сте го доживеале. Вреди повеќе од секој подарок.Но, не е само операционата сала обврска на еден доктор. Најтескиот административниот дел за кој добивам често укори од главната сестра зошто и каснам со исписување (др вашата папка е полна).

Како и многумина кои живеат во Охрид, или кои се роделе во овој регион, силата, енергијата и позитивата ја црпат од Езерото и дружбата со пријателите. Ова го потврдува и др. Лекоски.

Др. Лекоски: После завршениот ден со задоволство заминувам покрај убавото Охридско езеро честопати застанувајки на кафе со некој пријател или доаѓам дома ручам и се одмарам попладне покрај Тв или најчесто се релаксирам гледајќи спорт, филм или листам некоја од социјалните мрежи. Секогаш слушам музика. Навечер скоро секогаш излегувам со пријателите вообичаено на кафе и после тоа што ќе дојде, зависи од моментот и од друштвото. Вообичаено касно легнувам и не ми треба многу време за спиење зошто велат „Живееш само кога си буден“. Но, иако малку спијам сепак сонувам за поубав живот во нашава сакана Македонија за посреќни луѓе за насмеани лица.

Др.Лекоски секој слободен миг го користи за да биде со семејството. А не пропушта да ја посети и неговата најомилена дестинација, селото Јабланица.

Др. Лекоски: Викендите во колку несум наработа се резервирани за одмор со фамилијата и најчесто сум во најубавото село на светот и 3 по големина во Југославија секако многу познати Јабланица. Таму навистина се одмарам и ги полнам батериите за наредните денови. Секако малку и ќе работам нешто, но воздухот и водата се навистина нешто што секој треба да ги почувствува.

Др. Лекоски за себе вели дека не е личност што се врзува за нешто. Вели сакам динамика во се, љубопитен сум сакам се да видам и пробам.Но сепак за Lifestyle, открива кое било негово Хоби.Тој со задоволство раскажува и за неговите патувања, што приватни, што службени.

Др. Лекоски: Собирав доста успесно разгледници,знацки,постенски марки,приврзоци за клуцеви,пенкала.  Сакам да патувам, но за тоа ми останува малку време заради мојата професија. Но пак благодарение на неа имав можност да посетам неколку земји каде имав можност да видам и да науцам многу работи. Да видам каде е светот во однос на нас како стручно така и технички. Навистина имаше што да се види и научи како во Турција така во Бугарија во една од најубавите и најсовремени болници „Токуда“ во Софија. Клиницкиот центар во Љублјана личи на вистински град и можеме да научиме како треба да изгледа еден модерен светски здраватвен центар. Таму не се чувствуваш како да си во болница. Кога ги објавув сликите од мојот претстој добив коментари :”Докторе не те пуштивме да шеташ по хотели и изложби туку нешто да научиш” зошто навистина ходниците и чекалните личат на хотелски холови со прекрасни уметнички слики, со само неколку пациенти во нив кои се на термин, без гужва и галама иако во денот се прегледуваат и оперираат стотици пациенти. Секако тоа е резултат на одличната организација и високото ниво на култура на луѓето.

Лекоски раскажува и за незаборавните денови во Хрватска, особено во Пула каде имал можност во неколку наврати да претстојува. Тој открива и една понува која ја добил, но сепак се одлучил да се врати во Македонија.

Др. Лекоски: Никогаш неможам да заборавам кога ми понуди директорката на Детската болница да останам во Пула и за една година да ме испратат во Риека на специјализација. Ја одбив понудата за да се вратам и да се вработам тогаш во Здравствен дом Вевчани. Повторна понуда како хирург во Пула при еден претстој во болницата, но и тогаш патриотското чувство беше одлучувацко и се вратив во Струга. Прекрасни моменти кои секогаш ќе ги паметам со учениците од 5 та приватна гимназија како професор по Хирургија и претстој во Медицинаките училиста во Љубљана ,Марибор и Целје. Многу семинари и конгреси оставија убави спомени но оваа година трите конгреси за ендоскоска хирургија на Хрватска во Опатија, Босна и херцеговина во Сараево и на Србија во Белград беа навистина врв на светската модерна лапароскопска хирургија каде мозеше да се видат и слушнат најдобрите стручњаци од оваа област. Секако посебно задоволство и среќа се моите патувања поврзани со семејството.

Неспоредливо е патувањето во Австралија каде живее постариот син Даниел со семејството. Навистина ако почнам во ситници да зборувам за тие патувања и престојувања ќе ми треба денови. Незнам што побрзо да опишам дали неверојатната чистота воопсто во цела Австралија. Ја прошетав од Перт до Сиднеј и Канбера и тоа не површно. Посетив големи и познати објекти, места знаменитости. Вселенската обсерваторија во Канбера во која се чува опремата од Аполо 11 и Нил Армстронг , Воениот музеј, Собранието на Австралија, Опера Хоусе во Сиднеј…. Бев дочекан од голем број на пријатели со кои секојдневно се дружевме. Направивме свадба за синот на која трештесе македонска мизика се пееја песни македонски,Свадба македонска. Следното патување во Австралија беше уште поинтересно, подолго скоро 3 месеци, но брзо ми помина зошто секој ден бев со Ане и Оли.Со нив времето ми леташе. Но мора назад тука ме цека Лео.

Каде и да се оди, со кого и да се сретниш, ништо и никој неможе да го замени времето поминато со внуците. Анастасија,Оливер и Леонардо се најголемата радост за др. Лекоски.

Др. Лекоски: Во Струга живеам на наколку метри од езерото. Ме исполнува да седнам и уживам во езерската убавина во некој од кафичите на брегот, но никогаш сам. Ме исполнува да сетам покрај езерото, но најповеќе ме исполнува кога шетам во планина без разлика дали е лето или зима. Ме исполнува сетањето и друзењето со пријателите каде и да е никогаш несакам да сум сам. Одсекогаш ако некој недојде на кафе муабет тогаш одиме ние кај нашите пријатели кои навистина ги имам многу. Куќата одсекогаш била отворена за дружње. Ме исполнуваат посетите на собири , манифестации одбелезувања на настани, поканите од пријатели за прослава значајни моменти. Ме радуваат успесите на пријателите и на било кој што направил нешто што е за честитки. Сакам да има секогаш весели друзења и никогаш не пропуштам да бидам со другарите, пријателите, роднините, колегите од работа. Ме радува се што е убаво но дружењето со моите прекрасни внуци Анастасија,Оливер и Леонардо неможе да се спореди и замени со ниедна друга забава или радост.

Тие се мелем за рана. Единствени кои можат да прават што сакаат. Дури смеат и да скршат по нешто, но никогаш не го прават тоа. Сакат да ме гушкаат, сакаат да ги шетам, сакаат да ги возам и да играат со моите наочари кога се намене. Се разбира им ги исполнувам желбите.

Анастасија е веќе голема девојка пред неколку дена наполни 6 години и оди на училиште во Перт и веќе знае многу работи. Нижи успеси и победи на спортски план во нејзиното училиште. Секогаш мора да е прва. Посетува школи за народни игри, танци и се што ќе види. Се разбира учи македонски се што може да се научи. Ја обожава Јабланица каде можеш да ја оставиш со денови. Ја обожава куќата за која вели ова е моја куќа ми ја остави баба ми што се викаше како јас. И навистина таа го носи името на мојата покојна мајка, а куќата го доби името по внуката Анастасија. Оливер и Леонардо ќе мора да се задоволат со делот кој личи на стара куќа со сите традиционални предмети кои ги користеа мајка ми и татко ми. Прекрасно место е и прекрсна куќа кои навистина убаво изгледаат кога ќе се исполнат со сите нас за некој празник, крстевка или друга веселба. Таму е мојот најдобар одмор, а внуците се мојата радост, мојата душа моето богатство,моето се. Лек за мојата душа.

Ако нема човек мака, зошто би дошол на доктор? Др. Лекоски секогаш вели Ние сме тука за пациентите.

Др. Лекоски: Убаво ми е кога гледам среќни и задоволни пациенти кога заминуваат здрави и опоравени. Велат дека секој иде и гледа да си заврши работа. Така е секако ако нема мака зошто би дошол човек да биде пациент. Пациентите не доаѓаат за да ние имаме работа. Ние сме тука за пациентите. Но, верувајте не се неблагодарни. Мене секогаш ми се случува да ме поздрават и да ми се јават луѓе кои не ги познавам, зошто немозеш да ги запамтиш илјадници пациенти. Знаете колку убаво чувство е кога ќе слуснеш таква благодарност или докторе вие ме опериравте и супер сум или ми го спасивте животот. Нема поплеменито несто од тоа. Убаво е кога ќе те препознаат и поздрават во другите градови. Имам многу пациенти од соседните градови па да казам Македонија е мала. Охрид и Струга не ги делам, но тука се веднаш Дебар, Центар Жупа,Кичево,Ресен,Битола,Демир Хисар,Прилеп,Крушево,Мак. Брод, Кавадарци, Радовиш, Кочани,Берово, а доста пациенти доаѓаат и од Скопје каде што веројатно потешко доаѓаат до здравствените услуги. Стотици операции годишно илјадници прегледи и консултации. Напорно е тоа, но задоволство кога ќе завршиш работа и видиш среќен и задоволен пациент. За стресовите несакам да зборувам секогаш адреналин на високо ниво при секој повик телефонски од работа при секој повик на опериран пациент. Стрес е секое слушање на сирената од брзата помош,секое звонење на звончето на хирургија кога сум дежурен,секоја операција, Сето тоа крати по некоја минута од животот.

Лекоски посебно горд што има можност своето како што вели „скромно“ знаење да го пренесува на помладите.

Др. Лекоски: Неколку години предавав и во 5 та приватна гимназија каде се надевам пренесов добар дел од знаењето.На прекрасни деца кои сакаа да научат, а многу од нив продолжија и на Медицинси факултет. Поминав таму прекрасни и интересни години кои секогаш ќе ги паметам. Не пропустаа уцеиците  да ме изненадат и со роденденска торта, а прекрасно се дружевме и во Словенија во посета и едномесечна настава со уцениците и професорите во Медицинските уцилишта ви Љубљана, Цеље и Марибор. Ги посетивме сите убави места во Словенија. Среќен сум што имав можност да пренесам дел од моето знаење на неколку млади доктори сега специјализанти, а за брзо специјалисти во Струга и Охрид. Др Дејан, Др Дарко, Др Велимир, Др Дијана др. др. др. да не ми замерат другите се надевам ги има повеке што барем нешто научиле од мене.

За себе Лекоски вели дека е љубител на добра храна и специјалитети и дека воошсто не е пребирлив.

Др.Лекоски:  Несум асли-гурман, но богами често сакам да посакам некое вкусно јадење од моето детство. Но, сепак мислам дека е поважно со кого јадеш и каде јадеш одколку што јадес. Да бидам искрен никогаш не сум готвел освен нешто основно во времето на моите студии и воопсто не ме привлекува кујната. Но затоа мајка ми правеше најубав виткалник, а татко ми беше мајстор во кујната. Правеше разни специјалитети со месо, црева, зеленчук и навистина беше задоволство да се јадат негови јадења. Децата особено помалиот син наследил несто од дедо му и прекрасно готви. Сопругата добро готви, во комшии го имам познатиот Перо глувце кој е специјалист за добри јадења така да воопшто немам потреба да се оптеретувам со готвење. Мое е само добар избор се разбира и набавките се моја обврска.

Сакал да биде пилот, а станал хирург.

Др. Лекоски: Дали некој од децата тргна помоите стапки? Значи во животот не е важно да го работиш тоа што го сакаш. Важно е да го сакаш тоа што го работиш. Јас многу сакав да бидам пилот. Но немав среќа бев одбиен на систематскиот преглед бидејки не исполнував потрбна висина и тежина и ете на крај станав хирург. Професија која е прва по стрес дури и пред пилотите. Но. мене навистина ме исполнува и незнам дали кога би избирал повторно би одбрал друго. Но, искрено несакав моите деца да ја одберат и наследат мојава струка. Поголемиот син Даниел беше цврсто ресен и го положи приемниот испит, успешно студираше и во тек на студиите како многу млади замина за Австралија каде остана да живее и работи. а помалиот Сашо кога требаше да се запише во средно уцилиште рече било што само да нема врска со медицина. Избра информатика и сега е одличен програмер има прекрасна работа. Но сепак имам наследници во мојава струка, има деца околу мене на кои несебично им го пренесувам моето знаење и искуство.

Знаете работата во мало место е истовремено и привилегија и оптеретување. Јас сум достапен 24/7 за пациентите. Нема куќа во околните села и Јабланица каде не сум бил надвор од работно време. Особено порано кога немаше доволно доктори секојдневно бев некаде во домашна посета. Но, не ми беше тоа некое оптеретување дури ми беше задоволство.Во мало место сите те познаваат и почитуваат. Старите велеа во секое место да имаш куќа. Кога си помлад тоа ти е чудно и неможно, но со тек на време ќе сватиш дека тоа навистина е така и мислам дека успеав да изградам во секое место да имам барем по една куќа каде мозам да се обратам во било кое време.

Музиката ја сакам и ја слушам секогаш, па и за време на операции се разбира кога немаме напната и стресна атмосвера, што зависи од случајот. Сакам стари народни македонски песни кои се нешто што е вечно. Ја обозавам и слушам југословенската рок и поп музика од нашето време. Неизбежна е новокомпонираната музика без која забавите не би биле тоа што се. Го обозавам Дино Мерлин,Тосе,Оливер…. Обожавам и слушам добра музика која е за моментот. Слушам сериозна музика секогаш кога сум сам. Инструментална музика особено во позадина кога работам и читам. Радиото во колата се уклуцува со клуцот. Во слободно време сакам да се релаксирам со добра книга од секаков жанр, сакам да гледам по некој филм но тешко ми успева да догледам до крај. Читам секако стручна литература особено пред и после некои поретки случаи и интервенции како и посета на семинари и Конгреси.

Слободно време? Што беше тоа? Од секогаш за мене спорт број еден беше фудбалот. За мене беше се и оставав се за фудбалот. Но обично завршував ако можев се што е потребно за да можам слободно да играм. И од свадба отидов да ја одиграм утакмицата која ни беше закажана. Секогаш наоѓам време и сега да ја водам мојата екипа по сите турнири во Струга и Охрид и тоа многу успесно со голем број на освоени трофеи.

Клуцот на успехот??? Реков и ќе повторам Не е важно да го работиш тоа што го сакаш туку да го сакаш тоа што го работиш…. Нема клуч за успешна работа…. сите врати се отворени… Нема успех без работа. Не е доволна само желба. Велат добра намера не е секогаш и добар потез. Во нашава работа не постои после и утре. Сега и одма. Почит кон сите и кон се. Небарај и неочекувај да бидеш почитуван, ако тоа не го правиш прво ти. Секогаш се се враќа дупло. Велат ако правиш добро надевај се на добро. Ако правиш лошо, не надевајсе на добро.

Неостварен сон? Знаете сонот е само момент, а може да е бесконечно дозивување. Додека сме живи ќе сонуваме и додека гледаат очите сакаме успеси. Велат дека неостварените соништа живеат 6 недели подолго од луѓето. Моите соништа не се лични. Сонувам нашата убава Македонија да биде циста,отворена и економски силна… Ми беше желба остана неостварен сон да бидам пилот. Но и без летањето  стресовите не изостанаа. Моите желби и моите соништа се темелат на општи заеднички успеси и придобивки. Не ми е сон, туку желба и мисла за убаво и квалитетно здравство какво што заслужува Македонија. Не сонувам за Приватна Клиника Др Лекоски. Сонувам и се залагам за Клиницки центар Св. Еразмо . Еден прекрасен Клиницки центар помеѓу Охрид и Струга наместо безброј малечки некомплетни болници во кои неможе да се пружи комплетна услуга. Со навистина голем број спремни стручњаци на едно место би било тоа сигурност и гаранција за здравјето на граѓаните од овој регион како и безбедна дестинација за многубројните туристи. Го заслузуваат тоа градовите на Климент,Наум,Миладиновци.. Младоста е среќна затоа што има способност да гледа убавина. Секој што ја одрзува способноста да ја види убавината,никогаш не старее.

фото: ФБ Др. Мирко Лекоски

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com