нед. Јан 26th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Рестораните во Саудиска Арабија повеќе нема да мора да имаат посебни влезови за жени и мажи

Според најавата на владата на Саудиска Арабија, жените повеќе нема да мораат да седат одвоено во рестораните од мажите.  Рестораните повеќе нема да мора да имаат посебни влезови за жени и мажи, соопшти Министерството за локален развој и рурални работи. Портпаролот на министерството рече дека новите регулативи не се обврзувачки, што значи дека рестораните можат да задржат посебни влезови доколку сакаат сопствениците.

Претходно, сите ресторани на Саудиска Арабија мораа да имаат посебни влезови за жени и мажи.

Според строгите регулативи во Саудиска Арабија, на мажите и жените кои не се во роднински врски, не им е дозволено да бидат заедно на јавни места, а специјалната верска полиција е одговорна за почитување на тие правила.

фото: tellerreport.com

 

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com