Магазин

2020 е престапна година, според суеверијата има работи кои не треба да ги правите, според црквата секоја година е благословена

Почетокот на 2020 година е многу блиску и веќе знаете дека таа ќе биди престапна година. Според народното верување, многу проекти започнати во престапна година никогаш не се реализираат. Поради тоа, подобро е некои работи воопшто да не ги правите во престепна година. Среќлии се само децата што се родени во годината. Народот верувал дека се што се прави во престапна година има кус рок, иако годината има ден повеќе. Според истражувањата на етнолозите, кај луѓето постои верување дека се што се прави во престапна година има краток рок, иако годината има ден повеќе.Порано, многу се внимавало на ваквите непишани правила.

* Изградба на куќа (Може да дојде до несреќа, поплава, пожар или лизгање на земјиштето)

* Не се препорачува ниту селењето.

* Промената на работното место не е најдобрата идеја.

* Забрането е да се венчате или да си дадете збор во престапна година.

* Ако сте планирале да отпочнете свој бизнис, почекајте до наредната година.

Дали ќе ги почитувате овие забрани или не, зависи од вас. Запомнете дека позитивниот став секогаш ќе ви помогне да ги избегнете проблемите кои ги носи престапната година.

Според народните верувања, целата престапна година не е добра за започнување нови бизниси. Но астрологијата пак вели дека 29 февруари е идеален за нова работа. Имено, среќната поставеност на Сонцето и Јупитер треба да се искористи за потпишување договори, зашто ќе „паѓаат“ исклучително добри деловни понуди. Црквата не се согласува Избегнувањето на венчавка во престапна година според Црквата е неправилно верување. Според црковните верувања секоја година е благословена од Господ, а верувањето дека венчавка не се прави во престапна година е суеверие. Секоја четврта година е престапна, а на идејата да се синхронизираат календарската со сончевата година први дошле старите Египѓани (иако и старите Бабилонци знаеле дека календарот е компромис), во 238 година пред новата ера. Подоцна оваа идеја ја презеле Римјаните, кога Јулиј Цезар одлучил ден плус да биде 29 февруари, и тоа секоја четврта година. Сепак, и таа модернизација имала свој недостаток. Календарската година повторно била подолга од сончевата точно за 11 минути. До 16 век, токму поради тоа, се собрале 10 дена вишок. За календарот повторно да се приспособи, во 1582 папата Грегориј 13-ти едноставно ги испуштил тие десет дена модернизирајќи го уште еднаш календарот. Според тој нов календар, еден век има точно 36.524,25 дена, што е многу блиску до природните временски мерења. Но остануваат уште мали разлики во однос на сончевата година. По Грегоријанскиот каленендар, престапна е секоја година во која последните две цифри може да се поделат со 4 без остаток. И тука постои еден строг исклучок. Имено, годините што се деливи со 100, а не со 400, не се престапни. Затоа во 1700, 1800, 1900 година немаше 29 февруари, а нема да го има ниту во 2100 година. Спротивно на тоа, 2000 година беше престапна.

На почеток