fbpx
пет. Авг 7th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Мицкоски по изјавата на Пендаровски: Се надевам дека се свесни за последиците при евентуална еднострана одлука да нема предвремени избори на 12 април

По изјавата на претседателот Стево Пендаровски за Детектор, во која кажа дека не  е убеден дека ќе има избори  на 12 април, бидејќи тоа не зависи од  него, денеска свој коментар даде и претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој истакна:

  • Ја слушнав таа изјава вчера на   господинот Пендаровски, последниот пат кога бевме на негова иницијатива заеднички ги ставивме партиските интереси во втор план, ги ставивме државните интереси и интересите на граѓаните во прв план, организиравме заеднички состанок. На тој состанок ги прецизиравме приоритетите кои се за државата, ја реафирмиравме нашата позиција и како политичка партија , но и останатите, за иднината на нашата држава но истовремено се договоривме дека на 12 април е денот кога практично ќе се случат тие предвремени парламентарни избори. И за нас втора алтернатива нема. Она што вчера успеав да го слушнам но и да го прочитам од медиумите е дека господинот Пендаровски продолжува да се однесува како практично гласноговорник на СДСМ и на Зоран Заев, се обидува да обезбеди определено алиби за да не им се случи катастрофата сега во април, да се случи можеби во некој друг период, од друга страна им остава простор за маневар на СДСМ за да може со некакви збунувачки изјави поврзани со законот за јазици да ги става на преговарачка маса со коалиционите партнери при евентуално одложување на предвремените парламентарни избори. Но морам да  признаам дека доколку не е сигурен тој за тоа што ние го договоривме во негово присуство во негова организација а тоа се предвремени парламентарни избори на 12 април, тогаш ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата навистина ќе ги разгледа односите кои што ги има со претседателот Пендаровски и во едни такви околности ние не сме сигурни дека во иднина кохабитацијата помеѓу Коалицијата за обнова на Македонија и претседателот ќе функционира како што функционираше досега. Но јас сум убеден дека се свесни за последиците  при евентуална еднострана таква одлука да го напуштат договореното кое што го договоривме а се однесува на  тие предвремени парламентарни избори што треба да се случат на 12 април. Свесни се претпоставувам за политичката криза во која што ја втурнуваат Македонија дополнително и се надевам дека разумот ќе преовлада и дека и покрај стравот кој што го има СДСМ за дебаклот кој што ќе им се случи,. Овој пат ќе ги стават интересите на Македонија и интересите на граѓаните над нивните лични и тие предвремени парламентарни избори ќе се случат, колку да не му се допаѓало на СДСМ, Зоран Заев и Стево Пендаровски, истакна Мицкоски.