Свет

Путин и Зеленски договорија целосен прекин на огнот во источна Украина

Русија и Украина договорија да се спроведе целосен прекин на огнот во источна Украина до крајот на годината. На средбата  присуствуваа и лидерите на Франција и Германија, Емануел Макрон и Ангела Меркел, мина без насмевки и ракување, пренесува Ројтерс.

Целта на средбата на Путин и Зеленски е да се стави крај на конфликтот во кој од 2014 година загинаа над 13.000 луѓе.

Дипломатите предупредуваат дека шансите да се постигне траен мир и не се големи, бидејќи Зеленски нема голем маневарски простор, а Путин покажува мал интерес за прилагодување на надворешните притисоци.

На почеток