Свет

Лицето по кое трагаше Чешката полиција поради повеќекратно убиство во болница, се самоубило

Локалната полиција во чешкиот град Острава, соопшти дека лицето по кое се трагаше поради повеќекратно убиство во една болница, се самоубило. Човекот во црвена јакна, рано утрината влезе во локалната болница и смртно застрела 6 пациенти .

Нападот се случил околу 7 часот наутро.

Полицијата ја евакуираше болницата и го бара напаѓачот кој е во бегство. Специјалната полиција е на местото на настанот.

Полицијата претходно објави дека четири лица загинале, а две се тешко повредени, но бројот на загинатите се зголеми на шест.

На почеток