сре. Јан 15th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Која е Македонката за која не постои „не можам“ и ова е невозможно и која соработува со Аријана Гранде? – запознајте ја одблиску Маја Кипровска

Позитивна, искрена, упорна, динамична, посветена на семејството, а не запирлива во професијата. Зе неа не постои НЕ,НЕМОЖАМ И НЕВОЗМОЖНО, вели мислам дека се што посакувам и го остварувам, вака накратко би ја опишала Маја Кипровска. Родена во Скопје , долги години со сопругот се мачеле да спојат крај со крај работејќи во родниот град, но нејзината упорност ја донесе до Лондон, каде сега го живее својот сон со сопругот и двете ќеркички.
засебе вели Моето хоби го направив своја професија и уживам во работата. Таа е незапирлива. За Кипровска нема успеав и доволно е. Секогаш има уште и секогаш се оди напред и повисоко. Во 2018 освои титула  „Lash Artist“  со што стана една од 12 Светски акредитирани академии за трепки, а беше прогласена за најдобар студент на универзитетот. Соработува со Ариана Гранде,  и ги правеше нејзините трепки за спотот „7 rings“  и за концертот кој неодамна и помина во Лондон. Пишува артикли за 4 книги кои ќе бидат издадени на 8 јазика, а има и свое  списание  „Lash Inc“ кое се издава во Хрватска. И покрај тоа што немале никаква поддршка во Македонија од семејството освен од нејзината сестра Бисерка, за која вели „таа е мојот ангел чувар“, Кипровска за многу кратко време ќе си го оствари и најголемиот сон. Со гордост вели: „Неостварениот сон ми е на праг да го остварам “… Драги мои Life style разговара со Маја Кипровска македонка од која може да извлечете само позтивна енергија.

LIFESYLE: Како започнува денот? Што треба да се направи наутро за да се има доволно позитивна енергија цел ден?

МАЈА КИПРОВСКА: Најтепшкото прашање за мене бидејки спиењето ми е слаба страна. Се случува понекогаш само да го продолжам денот со 10 мин сон поради големиот број на обврски кои сама си ги наметнувам секојдневно бидејќи тоа ме исполнува.

Покрај факултетот за Бизнис  и менаџмент што го студирам на  Buckinghamshire New University, имам свое списание „Lash Inc“ ,салон и Академија за убавина, и Admission advisor agency која ја основавме заедно со сопругот Бранко и Соња колешка од факултет која главна дејност е да им се помогне на сите кои сакаат да студираат во Англија.

Значи, за мене денот позитивно започнува секогаш кога имам цел, а моите цели се секогаш поставени на нивото “невозможно” бидејќи сакам да го докажам спротивното дека се е можно во животот.

LIFESYLE: Во туѓа земја, постигна многу. Тешко или лесно е неблагодарно да прашуваме. Нели секој си знае. Но, дали некогаш ти е жал што замина од Македонија? Можеше ли ваков успех да постигнеш од родната земја?

МАЈА КИПРОВСКА: Уффф..Може малку изгледа грубо ,но секогаш сум изскрена. Англија не ја чувствувам како туѓа земја бидејќи тргнав со таква мисла дека јас можам и ќе успеам дури и да ме остави некој на пуст остров поради иднината на моите две ќеркички Матеа и Леона.

Поминав многу тежок период од успони и падови во Македонија,без поддршка од родителите секогаш се боревме сами со сопругот да постигнеме нешто.Но бидејки сите ја знаеме нашата ситуација таму како можеш да просперираш , а јас не се вклопувам во тоа бидејки секогаш велам сам ако не се потрудиш никој не може да ти помогне, знаев дека можам да успеам секаде освен во мојата родна земја, која со гордост сум ја претставувала преку спортот во светски рамки. Ќе речам пак за жал.

Затоа без многу размислување кога ми понудија работа во Лондон на 26.Фебруари реков „да“ и веќе на 24 Март бевме во Лондон. Не е лесно да го спакуваш животот на 2 деца и двајца возрасни во 4 куфери и да почнеш од нула. Меѓутоа со многу елан и воља јас го правам тоа да изгледа многу лесно кога гледа некој од страна. Но само ние и мојата сестра Бисерка која ми е единствената поддршка покрај сопругот и ќеркичките, знаеме дека воопшто не е лесно да успееш во сосема поинаков свет . Но во мојот речник не постојат зборовите НЕ,НЕМОЖАМ И НЕВОЗМОЖНО и затоа мислам дека се што посакувам и го остварувам.

LIFESYLE: Која е разликата да се бориш и избориш сам? Или да имаш поткрепа од блиски, роднини и пријатели?

МАЈА КИПРОВСКА: Огромна е разликата кога си сам и со поткрепа. За моја среќа ако можам така да ја наречам секогаш се борам сама може затоа и не се предавам никогаш. Имав многу тежок период од една година, кој и те како ме направи неуништлива …Се борев комплетно сама со две деца во Лондон, и тоа беше голема лекција и за моите ќеркички дека тоа што мама го збори е вистина:” Кога имаш проблем треба да одиш дирекно во него и да го решиш бидејки само така ќе станеш силен со цврст карактер и успешен во животот и ќе научиш дека не треба да се откажеш на првата препрека во животот.:

Тоа беше период во кој одредени луѓе сакаа да ме видат како патам и пропаѓам, а мене тоа ми е предизвик да им докажам дека нема да биде како што сакаат тие. Позната сум меѓу семејството како голем ИНАТ и сега беше моментот сама да си докажам себе си и на сите околу мене дека сум навистина ИНАТ и дека ќе го направам и невозможното. Во тој лош период јас го постигнав најголемиот успех во Лондон..

Победив на неколку Светски натпревари,Освоив титула  „Lash Artist“ на 2018,станав една од 12 Светски акредитирани академии за трепки ,Бев прогласена за најдобар студент на универзитетот….и на сите мои слики имаше само насмевка на моето лице ,а голем умор и тага во моето срце. Затоа велам секогаш насмевката ги убива непријателите

LIFESYLE: Покрај бројните обврски кои секојдневно ги имате, колку Ви останува слободно време во текот на денот и како најчесто го поминувате?

МАЈА КИПРОВСКА: Слободно време? Не ми е нешто познато меѓутоа секој момент го користам да го помина со Матеа и Леона и сопругот Бранко. Мене секогаш ми било приоритет семејството и сакам секогаш да сме заедно, но сакам исто така и да им го отворам погледот на дечињата дека слободното време не се поминува на комјутер,телефон или тв…дека има нешто многу повеќе од тоа.

Разговараме многу на секоја тема, нема табу тема меѓу нас,секогаш сум сурово искрена,но сум премногу строга кога се работи за интернет и социал медиа, па како секој ” Лош родител” имам инсталирано парентал контрол и неможе ништо да ми излезе од контрола.  Ги посетивме сите музеи што постојат во Лондон ,библиотеката ни е зборно место за викенд каде земаме некогаш и до 10 книги за 4 дена прочитани. И тоа е нешто што најмногу ме радува во Лондон што сите луѓе во воз се со книга за разлика од кај нас што секој е со телефон во рака. Можеби сум старомодна, но сепак мислам дека без образование неможе никој да биде успешен.

LIFESYLE: Може ли малку за приватноста на Маја? Сопруг и две ќерки… Дали и колку ја разбираат тројцата твојата работа. Затоа што тоа значи чести патувања, долги отсуства од дома. Се навикнаа ли, помагаат ли?

МАЈА КИПРОВСКА: Тешкиот период кој го поминав лани не научи сите 4 ца на најдобрата лекција. Дека без поддршка од семејството неможеме да успееме никогаш. Секако дека си фалиме кога патувам, но за среќа интернетот има и позитивно нешто. Секој момент кога сум слободна го користам за да ги видам и слушнам како си го поминале денот, што се случува…меѓутоа на крајот на денот свесни се дека тие патувања се изворот од кои нивниот живот ќе го направам поедноставен и нема да дозволам да го поминат истотото што сум го поминала јас сама, а притоа имаат добар пример дека мора да се трудат и да работат ако сакаат да не се мачат.

Мислев дека со тие одсуства ќе се оддалечиме, но напротив се научивме сите дека без поддршка неможеме никогаш да успееме за НАС и тоа го сфативме како секојдневна обврска. Исто како кога одиме на трки да го поддржиме тато сите три за да докаже дека е најдобар,овде ја поддржуваме мама

LIFESYLE: Со каква музика се релаксирате? Омилени музичари

МАЈА КИПРОВСКА: Без слушалки во уши или музика во позадина на телевизорот, неможам да го замислам денот. Среќа имам супер комшии па никогаш не се жалат кога сакаме да прославиме нешто и до 5 наутро со гласна музика,туку напротив ќе ни се придружат . Можам да ги побијам сите што викаат дека англичаните се ладни луѓе од секој аспект бидејки моите комшии ми се како фамилија. Живееме во зграда со 11 стана и сите се помагаме. Тоа е нешто што можам да речам дека не го добивав некогаш ни од фамилијата.

Зависи од расположението сеуште слушаме Македонска музика,тука е и Ариана Гранде на која и ги правев трепките за спотот 7 Рингс и концертот кој неодамна и помина во Лондон. Српската музика е неизбежна, но немам некој фаворит само него да го слушам туку се ни зависи од денот и расположението.

LIFESYLE: Хоби за кое никогаш не жалите да потрошите часови и часови…

МАЈА КИПРОВСКА: Моето хоби го направив своја професија. Не жалам да творам, да пишувам, да цртам, да изработувам рачно разни украси кукли…меѓутоа и да патувам. Сето тоа го споив во едно и сега уживам и ги берам плодовите од моето “хоби”. Во моментот пишувам артикли за 4 книги кој ќе бидат издадени на 8 јазика и плус моето списание  „Lash Inc“  Хрвтска кое ќе оди на англиски и хрватски јазик и секако натпреварите во „Lash ART“ во кое ги споив цртањето, рачната зработка и мојата пасија трепките во едно.

– Дали ги сакате патувањата? Кои патувања никогаш нема да ги заборавите?
Сите патувања се различни едно од друго и сите ќе ми останат во добро секавање по нешто.Само моето патување  Скопје – Лондон е нешто што никогаш нема да го заборавам и ќе ми остане засекогаш врежано како најдоброто нешто што можеше да ми се случи. Иако 2020 и 2021 ми се закажани уште сега патувања во Гуадалајара Меџицо, Словенија, Хрватска, Канада, Америка, Норвешка, Данска…

LIFESYLE: Од кого најлесно примате критика и од кого таа најчесто доаѓа?

МАЈА КИПРОВСКА: Јас сум релна и секоја критика ја прифакам како мој предизвик ако е кажана во добар момент и добронамерно. Инаку единствена критика која ја прифакам без да се налутам е секогаш од мојот „ангел чувар“ сестра ми Бисерка, бидејки знам дека е само уште еден совет за подобро утре.

LIFESYLE: Сакате ли да готвите? Каква храна најмногу сакате. Ја практикувате ли македонската кујна во домашна атмосвера или … уживате и во специјалитети од други интернационални кујни?

МАЈА КИПРОВСКА: Најсреќен момент во Лондон ми беше кога најдов земјена тава во една Бугарска продавница. Обожавам да готвам, да сукам,да измислувам нови рецепти …да правам торти … Многу ми фалат домашни јувки бидејки имам многу добра рецепта од мојата покојна баба, а немам каде да ги направам сама бидејки живеам во стан. Инаку секако тука први на листата омилени се сарма,тавче гравче, селско месо, руска салата…. Но исто така сакам Италијанска кујна ,а јадеме и кинеско понекогаш ,индиско…

LIFESYLE: Имате ли неостварен сон?

МАЈА КИПРОВСКА: Неостварениот сон ми е на праг да го остварам.

Тоа е да имам сопствен колеџ за убавина кој ќе биде финанциран од државата и сите кои ќе сакаат да имаат квалификации за убавина ќе можат да користат и студентски поволности.  Тоа е преголем залак и е наменет за луѓе што имаат буџет  од 2 милиони фунти во џеб,меѓутоа со добар план како мојот ќе докажам дека е можно и со помалку да се изведе тоа и веќе сум во втората фаза на одобрување од можни 5. Тоа процедура од година до 2…многу контроли,испити,документи ама баш затоа и ми е предизвик.Се надевам дека до Јануар 2021 ќе биде се спремно за почеток, и нема да биде веќе сон.

LIFESYLE: Клучот за успешен приватен и професионален живот?

МАЈА КИПРОВСКА: Поддршка и Разбирање. Тоа е единственото нешто што може семејството да го донесе до успех. Тоа го имавме како лош пример од нашите родители и не го научивме дека треба да биде обратно ,па моравме да одиме по потешкиот пат да го почувствуваме самите на свој грб како е без тоа за да сфатиме дека без тоа нема напредок за никој во семејството. Имам пример кој би сакала да го кажам…Мојот сопруг е носител на титула најдобар тркач на Ридско брзински патеки и го држи рекордот на патеката на Водно.Бидејки тоа одзема многу енергија,време и пари кои ние никогаш ги немавме и секогаш имавме проблем да најдеме спонзори за да може да го оствари неговиот сон секогаш одеше на трки со благослов од една страна, а од друга страна со недоразбирање и кавги понекогаш. Бидејки неможевме да си дозволиме.

Оваа година се поклопија коцките и тоа во Англија каде што е речиси невозмозно да допреш до титула, ние трите покрај него направивме тоа да биде достижно и сите да се радуваме на успехот и покрај сите незгоди што ги дозивеа на патеката. Освои титула на најдобар дебитант на патеката на Brends Hatch и нашата цел е другата сезона да биде на пиедесталот како победник. А тоа секако го може само со наша поддршка и секако од спонзорите кои ке сакаат да го подржат  финансиски.

LIFESYLE: Новини во светот на Убавината? Што е тренд оваа зима. Нели имавме период кога атрактивни беа тенки веѓи, за сега да се оди на крајно спротивно. Или имаше период на крајно нагласена шминка, се сега да се оди на што поприродни тонови. Што е тренд оваа зима?

МАЈА КИПРОВСКА: Кога се работи за веѓите бидејки сум Интернатионал едукатор за Microblading, можам да кажам дека веѓите веќе не се носат тенки последните 10 години наназад, но јас искрено не го преферирам ни многу дебели. Секогаш гледам тоа да прилега на формата и обликот на лицето на клиентот. Јас преферирам се што е природно од боја на коса, до шминка фризура. Меѓутоа Лондон е место каде што боите, живоста и различноста се едно и тоа ме фасцинира и ми дава нови идеи.

LIFESYLE: Каде би ги сместиле македонките на некоја си скала за негувани жени?

МАЈА КИПРОВСКА: Секогаш имавме мислење дека во Македонија се негуваме најмногу и дека жените низ светот не обрнуваат внимание на себе.Меѓутоа во пракса покажува дека тоа е обратно. Во нашата Македонија има жени кои можат да си го дозволат тоа, но повеќето неможат иако сакаат. Ако го гледаме тоа како факт од 1 до 10 би ги ставила на 5 место, а на прво според моите клиенти би рекла Хрватките дека сакаат да изгледаат ТОП од глава до пети без да прашуваат за цена,бидејќи важам како една од поскапите салони во Лондон.

LIFESYLE: Има ли некое од девојчињата афинитет да продолжи по стапките на мама?

МАЈА КИПРОВСКА: На Матеа и Леона им е забрането да се шминкаат или лакираат додека одат во училиште. Овде имаат многу строги правила околу однесувањето  во училиште. Имаат униформи кои мораат да изгледаат ” скоцкано” кога ќе се појават на училишната врата, Не смеат да носат обетки, обоени коси, нокти, шминка…што мене тоа искрено ме радува, и кој не ги почитува тие правила добиваат казна и ги враќаат дома без опомена. Но двете го обожаваат тоа што го работам. Само мама е со поголеми планови за ќеркичките .

Ги донесовме во Лондон да го имаат најдоброто образование за да можат покрај бизнисот што ќе го наследат од мама и тато да имаат и своја професија,бидејки двете се капацитет деца и сега за сега одат по стапките на мама и тато и ги собираат сите награди од училиште. Се надевам тоа ќе остане така и ќе имаат успешна идина без препреки кои ги имавме ние за да бидеме сега каде што сме. Сакам да се заблагодарам од срце за тоа што сеуште има луѓе од нашата Македонија кои ме следат и почестена сум што ме повикавте да дадам интервју и да бидам дел од вашиот магазин,се надевам следното интервју ќе го правиме во Лондон од мојот Колеџ.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com