Македонија

Шилегов до новинарка која праша за аерозагадувањето – „Сирота ти“

Граѓаните се гушат, а градоначалникот Шилегов станува се понервозен. Тој се налути што медиумите постојано го прозиваат за овој проблем кој и натаму е алармантен.

Нов инцидент на Петре Шилегов. Градоначалникот на Скопје овојпат ја навреди новинарката на „Алфа ТВ“ затоа што го прашала што прави со проблемот со аерозагадувањето.

Тој прво ја обвини дека поставува тенденциозни прашања и порача дена на прсти се броеле деновите кога Скопје било загадено.

На заминување, мислејќи дека никој не слуша и не снима, од позиција на политички моќник, тапшајќи ја по рамо на новинарката на „Алфа“ ѝ „Сирота ти”.

Ситуацијата е снимена од камерата на телевизијата.

„Сирота ти…“ – Шилегов навреди новинарка на Алфа ТВ

На почеток