Македонија

Ребалансот на Буџетот 2018 усвоен од Собранието на РМ

Собранието на РМ го усвои Ребалансот на Буџетот за 2018 година. Како што истакна министерот за финансии Драган Тевдовски, целта на Ребалансот е да се направат корекции на расходната страна за да се обезбеди финансиска поддршка за општините со цел отплата на дел од долговите.

-Се обезбедува финансиска поддршка на општините во висина од 3,020 милијарди денари, со цел намалување на доспеаните а неплатени обврски на општините и единките корисници основани од единиците на локалната самоуправа од областа на образованието, културата, детската и социјалната заштита-рече Тевдовски.

Владата усвои предлог-законско решение со кое овие средства ќе бидат сразмерно распределени на општините, во износ од 51% од пријавените доспеани, а неисплатени обврски. Со законското решение ќе се постави и механизам за спречување на можноста за трупање неплатени обврски во општините.

Со Ребалансот приходната страна на Буџетот е незначително коригирана, за 0,5% надолу. Ова е резултат на: намалувањето на приходите што ги остваруваат буџетските корисници на сопствените сметки и благ пораст на социјалните придонеси. Расходната страна на Буџетот е коригирана надолу за 1,2 милијарди денари, односно за 0,5%. Нивото на буџетски дефицит е задржано на 2,7% од БДП. Со ова се задржува определбата за постепена фискална консолидација.

Со Предлог-ребалансот ревидирана е проекцијата за раст на БДП на 2,8%. Како што беше посочено, тоа се прави пред сѐ заради блокадата за влез во НАТО и ЕУ од страна на опозицијата. Интеграцијата на земјава носи безбедност и сигурност, кои се најважни при носењето одлуки од страна на инвеститорите. Неизвесноста може да влијае негативно на економијата.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

To Top