Македонија

Приведени две лица за сторени 17 тешки кражби и кражби

На 10.12.2019 околу 15.30 часот во с.Колибари, кичевско, полициски службеници од Полициската станица Кичево од слобода го лишиле А.Е.(24) од с.Арангел, кичевско, за кого била распишана потерница за издржување казна затвор од 12 години во Затворот „Идризово“.

По преземени мерки и по извршен разговор со него било утврдено дека во октомври, ноември и почетокот на декември 2019 година, А.Е. со уште две лица од Гостивар, извршиле 17 кривични дела тешки кражби и кражби на подрачјето на Полициските одделенија Осломеј и Зајас.

Во координација со Полициската станица Гостивар, a во врска со сторените круивични дела, од слобода бил лишен и З.И.(25) од с.Дебреште, гостиварско, по што бил спроведен во Полициската станица Кичево.

За преземените активности бил известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

На почеток