Актуелно

Мицкоски: „Не бев поканет и затоа не присуствував на обраќањето на Пендаровски.и – Неканет гостин е недобредојден гостин“

Неканет гостин е недобредојден гостин. Не бев поканет ниту на инагуарацијата, а не бев поканет ниту на ова годишно обраќање на господинот Пендаровски, бидејќи првиот пат беше протоколот грешка, а сега ќе слушнеме претпоставувам нешто слично без да има никаква одговорност, истакна претседателот од ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање зошто не присуствувал на годишното обраќање на претседателот Пендаровски.

Мицкоски додаде: Така што лицемерието е на максимум, едно се зборовите, едно е реториката, она што го слушнавме може да кажам дека е една бледа копија на она што ние како ВМРО-ДПМНЕ го зборуваме, но испораката за жал ја нема. На кратко не бев поканет и затоа не присуствував на обраќањето на господинот Пендаровски.

фото: Архива

На почеток