Свечено пуштена во употреба новата деловна и административна трговска зграда во која ќе работи и затворениот зелен пазар во Охрид. На свеченоста присуствуваше претседателот на владата, Зоран Заев и бројни гости. Објектот е изграден преку формирање на јавно приватно партнерство меѓу општина Охрид и АД Илинден Струга.
Во своето обраќање пред присутните премиерот истакна: „Чувствувам голема радост што сме овде во Охрид за новиот објект на Зелениот пазар кој одговара на потребите на пазарџиите со капацитет за 190 нови тезги утврдени по современи ХАСАП стандарди.
Новиот Затворен зелен пазар во Охрид ги исполнува сите стандарди за трговија, со што значително се подобруваат условите за работа на пазарџиите, но и за сите граѓани кои отсега ќе може да пазаруваат во подобри услови.
Репрезентативниот објект на новата административно – трговска зграда кој денес го пуштивме во употреба е со површина од 6 779 м2. Во подземјето е сместен јавен паркинг од 2 433 м2 и техничките одделенија, на приземјето се наоѓа Зелениот пазар кој располага со 190 нови тезги уредени по современи хасап стандарди.
Секогаш заедно, како досега така и во иднина продолжуваме да го разубавуваме Охрид со нови проекти за доброто на сите сограѓани согласно со стратешките определби за развој и унапредување на Локалната самоуправа, вели градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.
Свое обраќање пред гостите имаше и директорката на ЈП Градски Пазар кристина Крлеска Деспотоска. Таа меѓу другото истакна: Често пати се поставува прашањето , дали во услови на глобалните текови на пазарните економии може да доведе до намалување на функцијата на пазарите и дали големите трговски центри се своевидна алтернатива? Тука јасно ќе кажене дека не постои алтернатива за тоа што постоело со векови. Потребна е само навремена трансформација на начинот на нивно функционирање кое подразбира адекватни инфраструктурни решенија, кадровски усовршувања и имплементација на меѓународни и домашни препораки.