На 24.12.2019 во 02.35 часот во Полициска станица Струга било пријавено дека во с.Калишта, струшко, настанал пожар во куќа сопственост на Р.Е.(73) од с.Калишта, при што од пожарот со тешки телесни повреди се здобил Р.Е., кој им подлегнал на повредите. Со телесни повреди се здобиле М.Е., Е.Е. и И.Е., сите од с.Калишта, кои се префрлени во Медицинскиот центар Струга за укажување на лекарска помош. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Струга, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Струга. За случајот е известен Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено на семејството.
фото:Архива