чет. Апр 2nd, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

(Е-магазин интервју) Атиџе, ѕвездата на „Медена земја“: Кога прв пат летав со авион се чувствував како птица

„Пази што ќе помислиш“, вели стара поговорка, а ѕвездата на македонскиот документарец „Медена земја“, Атиџе Муратова е вистински доказ дека човек никогаш не треба да губи надеж и дека соништата и желбите навистина се остваруваат. Денес, кога „Медена земја“ се прикажува на различни страни на светот и собира бројни награди и признанија и животот на Атиџе е сменет на подобро.

Кога прв пат летав со авион се чувствував како птица

Она што фасцинира е колку целосно се вклопила во промоцијата на “Медена земја“, па најпрофесионално се појавува секаде каде што треба, трпелива е со интервјуата и нема проблем да позира, како да е родена за да биде пред камера.

Па така да неодамна беше и во Њујорк, Швајцарија, Турција…

КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИТЕ ОД КОРОНАВИРУСОТ:

„Да бидам искрена не ни знаев за Њујорк. Знаев за Америка. Не се плашев кога прв пат треба да летам со авион. Се чувствував како птица која лети. Проблем ми е само што незнам јазик. Зборувам само турски и македонски. А сакам да зборувам со сите“, вели таа.

Најимпресионирана е од Швајцарија.

Целото интервју прочитајте го на Е-магазин.мк