ЈП “Билјанини Извори” ја известува јавноста дека ден 07. 01. 2020 ( вторник) јавниот градски паркинг со кој стопанисува јавното претпријатие ќе е бесплатен за сите нејзини корисници. Одлуката е донесена во име на големиот христијански празник Божиќ и на таков начин ЈП “Билјанини Извори” се приклучува во одбележувањето и славењето на христовото раѓање.
ЈП Билјанини Извори им го честита празникот на сите православни верници и им посакува многу здравје и бериќет.
За многу години “Христос се роди”
фото: Архива