чет. Јан 16th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Стаменковска Стојковски: Фрапантни бројки, за 2 месеци власта распишала огласи за 4131 вработувања, за нова партизација и непотизам

Во изминатиот период во јавноста не беше достапна вкупна бројка на работни места за кои се распишани огласи за вработување во државната управа.

Но, податоците до кои дојдовме се алармантни. Фрапантна е бројката на распишани огласи за вработување во последните два месеци. Од 6 ноември од кога е познато дека ќе се формира техничка влада,  па се до сега се распишани огласи во државната управа, преку Агенцијата за вработување и Агенцијата за државни службеници за 4131 работно место, истакна Невенка Стаменковска-Стојковски дополнителен заменик министер на МИОА.

Значи за само 2 месеци се распишани огласи за фрапантна бројка од 4131 работно место, во услови кога забелешките се дека државната администрација е превработена и гломозна. А од друга страна со овие вработувања се прави брутална партизација на државниот апарат.

Ова е безобзирно уништување на институциите.

Од 4131 работно место, 911 работни места се во владини институции, Генерален секретаријат, Министерство за економија, Министерство за финансии, Министерство за земјоделие, па и во претпријатија кои мака мачат со исплата на плати како што се Македонски железници.

Платите за дел од распишаните места се движат и од 40 илјади па до 60 илјади денари. Овие огласи по нивниот обем и начинот на кој се распишани, за само два месеци, не се ништо друго туку само начин на изборно корумпирање и купување на мир во владејачката партија.

Сето ова ќе биде на товар на граѓаните, но и на сметка на квалитетни кадри кои ќе останат запоставени и тргнати на страна.

Ревизијата која е во тек ќе ги испита сите неправилности при распишувањето на овие огласи и давањето на согласности. И онаму каде ќе има отстапување ќе побарам нивно поништување.

Нема ниту една државна администрација која може да издржи вакви тектонски оптеретувања кои повторно паѓаат на товар на граѓаните, истакна Невенка Стаменковска-Стојковски дополнителен заменик министер на МИОА.

фото: Архива

 

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com