Свет

Иран има 13 планови за да и се одмазди на Америка

Иран разгледуваше 13 „сценарија за одмазда“ поради американскиот воздушен напад во кој загина иранскиот генерал Касим Сулејмани во Ирак. Тоа го изјави денеска секретарот на Врховниот совет за безбедност на Иран, Али Шамхани.

– Американците треба да знаат дека досега е разговарано за 13 одмазнички сценарија, па дури и ако постои консензус за извршување на најлошото сценарио, тоа може да биде историски кошмар за Американците, предупреди Али Шамхани.

Изјавата на Шамхани ја пренесоа западни медиуми повикувајќи се на иранската агенција Фарс.

На почеток