вто. Јан 14th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Јоци му се изнасмеа на Мицкоски по негова реакција

По „твит“ на Видана Бошкова-Мицевска, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта дека стимулира поделби, говор на омраза кон Израел и Еврите и напади кон ВМРО-ДПМНЕ. Од СДСМ негираат поврзаност со објавата на „Твитер“ и авторката и враќаат дека станува збор за обид „за прикривање на неспособноста на кадрите на опозицијата во техничката влада“

На ова реагираше политикологот Јорданка Ивановска-Јоци, која напиша дека се смее на реакцијата од Мицкоски.

„Чекај, чекај…лидерот на ВМРО (оној кој ќе водел со 100.000 гласови над СДСМ) се бави со Видана!?!
Со некој кој пишува на ,,твитер”, ко што и они имаат цела вмровска армија која блуе по цели денови. Ако земат пресови за ова да се држат, до 2056 нема ништо друго да видиме.
Ама како да не се смеам. Па, јас не се бавам со Видана, што има напишано 189 хејт статуси за мене, Мицкоски и неговине се потегнале и цел ден за неа зборат. Браво, Видано. Е, ова ти е сестро – врв. До кај стасаа луѓево, со твитови да се занимаваат. Али, затоа закани од сниматели од , ,,Инфомакс” кон ,,комуњари….шарени курви….комуњарски дегенерици…” не ги занимаат. Тоа не им е омраза и сериозни кривични дела“, напиша Јоци.

Чекај, чекај…лидерот на ВМРО (оној кој ќе водел со 100.000 гласови над СДСМ) се бави со Видана!?! Со некој кој пишува…

Geplaatst door Jordanka Ivanovska-Joci op Maandag 6 januari 2020

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com