вто. Јан 14th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Тачи со услови: Ахмети надвор од влада, а потпретседателот мора да е наш!

Лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, е подготвен да направи предизборна коалиција со СДСМ, но за тоа има два услови.

„Првиот услов е ДУИ да не биде дел од следната влада и вториот услов е претседателот на ДПА да биде вицепремиер и да има само еден вицепремиер.“, рече Тачи.

Прашан за барањата на Тачи, потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, за ТВ21 дека неговата партија е отворена да разговара со сите парти, освен со ДУИ поради тоа што тие одлучиле сами да излезат на избори.

„Не може да се разговара со некого кој одлучил да излезе сам на избори! Моментално е рано и се уште не сме почнале било какви разговори со ниту една партија и нема ништо конкретно во правец на можните коалиции. Изјавата на претседателот на ДПА ја гледаме како нивно позиционирање пред евентуалните разговори за можна преизбора соработка.“, изјави Зекири.

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, коментирајќи го условот на Мендух Тачи, за ТВ21 рече дека „политиките на ДУИ се основаат во направениот договор со албанските граѓани како единствен извор на легитимноста а не врз политичките интриги зад грбот на граѓаните“.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com