Македонија

Архиепискот г.г. Стефан ја тргна именката Македонија од неговите посланија

Обраќањето на верниците на поглаварот на МПЦ – ОА, г.г. Стефан по повод верскиот празник Божик помина без во него ни еднаш да се спомне именката Македонија или било кое друго име кое произлегува од оваа именка, па дури ни името на „Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија“, црквата каде тој е Архиепископ.

Ова е вторпат по ред г.г. Стефан чија титула сеуште гласи „Архиепископ Охридски и Македонски“ да не го спомни воопшто името Македонија во свое послание, од како истото тоа го направи и на Велигден 2019 година.

Претходно, во годините на Владата на ВМРО ДПМНЕ кога премиер беше Никола Груевски и кога црквата беше силно поврзана со властите, со години јавноста ја гледаше блискоста меѓу МПЦ-ОА и Владата, како и блискоста на Груевски и Архиепископот, посланијата изобилуваа со верски и патриотски пораки, кои неретко допираа и во дневната политика.

Денешното послание има само духовни пораки поврзани со човекољубието, љубовта, Бог и одредени црковни јубилеи.

ТЕКСТОТ ОД ПОСЛАНИЕТО ДО ВЕРНИЦИТЕ НА АРХИЕПИСКОПОТ СО КЛИК  Т У К А.

 

 

На почеток