чет. Јан 16th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Чадот од австралиските пожари стигна дури до Аргентина

Чадот од шумските пожари во Австралија мина преку Тихиот океан и стигна до градовите во Јужна Америка, предупреди денеска Светската метеоролошка организација (WMO).

Чадот, на небото над Аукленд во Нов Зеланд веќе му даде портокалова нијанса.

Но, небото над далечните градови во Јужна Америка доби сива боја, а WMO исто така пренесува известувања за неверојатно црвено зајдисонце во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес.

„Пожарите предизвикаа опасно загадување на воздухот и го загрозуваат здравјето на луѓето во Австралија и Нов Зеланд, а сега чадот премина илјадници километри и преку Пацификот стигна во Јужна Америка“, изјави портпаролката на WMO, Клер Нулис, пред новинарите во Женева.

Чадот веројатно пристигнал и на Антарктикот, додаде таа.

Пожарите кои со месеци беснеат во Австралија досега ослободиле 400 мегатони јаглерод диоксид во атмосферата и предизвикувајќи опасно загадување, објави опсерваторијата на ЕУ, „Коперник“.

Саѓи се веќе забележани на глечерите во Нов Зеланд и тие би можеле да го забрзаат нивното топење, предупредува „Коперник“.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com