fbpx
вто. Јун 30th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

ВИДЕО: Убиени 100 Американци, објавена снимка од гранатирањето

Иран испука балистички ракети на две бази во Ирак со американски војници, а Иранската револуционерна гарда, која ја презеде одговорноста за нападот, посочи дека нападите врз базите се „одмазда за убиството на командантот на единицата Кудс, Касим Сулејмани“.

Иранската државна телевизија објави дека во нападите врз двете бази во Ирак, Ирбил и Ајс ел Асад, се убиени најмалку 100 „американски терористи“.

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф посочи дека Иран презел пропорционални мерки во самоодбрана во согласност со член 51 од Повелбата на ОН и врз основа на тоа од каде е извршен „кукавичкиот напад“ против иранските државјани.

– Не сакаме ескалација или војна, но ќе се браниме од агресија, напиша Зариф на Твитер.

Пред да се соопштат податоците за евентуални жртви, се огласи и американскиот претседател Доналд Трамп, која напиша на Твитер дека ракетите се лансирани од Иран на две воени бази во Ирак.