Свет

Пожар на еден од моторите, причина за падот на украинскиот авион во Техеран

Пожар на еден од моторите, причина за падот на украинскиот авион во Техеран, информираше портпаролот на иранското министерство за сообраќај. Споре дпортпарлот пилотот не можел да го исконтролира леталото и авионот се урнал.

Странските медиуми информираат дека авионот бил стар само три години.

Украинската амбасада во Иран ги отфрли претходните шпекулации дека можеби станува збор за терористички напад и потврди дека причина за падот е пожар на едниот мотор.

Во несреќата загинаа сите патници и членови на екипажот. Меѓу патниците имало 82 Иранци, 63 Канаѓани, 11 Украинци вклучувајќи ја целокупната посада, 10 Швеѓани, 4 Афганистанци, 3 Британци и 3 Германци, објави украинскиот министер за надворешни работи Вадим Пристајко. Претседателот Зеленски изјави дека Украина ќе испрати специјални авиони за да ги пренесат телата на загинатите.

фото: Архива

На почеток