Коментари

(ФОТО) Новинарката Мери Јордановска добивала закани за како што вели текстови кои не ги напишала

ФБ статус од новинарката Мери Јордановска. Таа обелодени дека во текот на ноќта добивала закани за текстови кои не ги напишала. Во продолжение статусот на Јордановска.

„Гуска“, „пропагандистичка ороспија“, „да те искреираат на некролог“.
Мал сегмент од монологот на „ничим прозваниот“ Емил Јакимовски, кој од 5 до 6 часот изутрина ми се закануваше без престан, не знаејќи ниту каде работам и цитирајќи текстови кои не сум ги напишала.
Јакимовски – кадар на ВМРО-ДПМНЕ е државен службеник. Работи во Централниот регистар, а заедно со неговиот брат се сопственици на неколку портали.
За ова е веќе пријавен во МВР преку Хелсиншкиот комитет, особено затоа што за него веќе има пресуда за семејно насилство, а овие принт скринови ги објавувам со чиста совест, за партијата да го преиспита психичкото здравје на оние кои ги вработувала и на оние кои го креираат јавното мислење, напиша Јордановска на ФБ.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10156572185351583&set=pcb.10156572194071583&type=3&theater

На почеток