Македонија

ФОТО +18: Шокантни и безобразни заканувачки пораки испраќани до Митко Јанчев активист на ВМРО-ДПМНЕ

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев деновиве е под канонада од вулгарни напади и сериозни закани од Емил Јакимовски, познат и под прекарот Гусарот. Откако во јавноста излезе информацијата за нападите врз новинарката Мери Јордановска, градоначалникот Јанчев, во знак на солидарност, ги споделил записите од заканите што деновиве ги добивал од Јакимовски, со Ненад Јовановиќ, колумнист на Слободен печат и граѓански активист, со цел тие да бидат испратени и објавени на нашата медиумска платформа.

„Тебе дента штом нема веќе да си градоначалник, јас ќе ти ги врзам лисичките на лоповските рачиња. Поздрав од Хонгконг. Ме пријави ли море или стварно ќе ми се фатиш за курот? Ко ќе се фатиш викај на сет глас: Узбунааа!“, е една од заканите што Емил Јакимовски му ги упатува на Митко Јанчев

Емил Јакимовски е поранешен блогер, новинар, член и активист на ВМРО-ДПМНЕ, вработен во Централниот регистар на Македонија.

ЦЕЛАТА СТАТИЈА НА ФРОНТЛАЈН.МК

На почеток