пон. Јан 13th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Вулканот Тал на Филипините почна да исфрла лава

Вулканот Тал утрово почна да исфрла лава, соопшти Филипинскиот институт за вулканологија. Директорот на Институтот, Ренато Солидум истакна дека се уште нема знаци за разорна ерупција, но сепак го зголеми нивото на тревога од три на четири од максималните пет.

Таал е втор најголем вулкан на Филипини и во последните 450 години еруптирал најмалку 34 пати, пишува Би-би-си.

„Вулканот Таал влезе во период на интензивни немири….кои напредуваа до ерупција со магнитуда од 2.49 до 4.28…сериозно исфрлување лава со грмотевици и удари од светлина“ наведува филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија.

Вулканот Таал вчера почна да исфрла пепел па филипинските власти наредија евакуација на 8000 жители, а се откажани и летовите кон Манила.

фото: BBC

 

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com