Македонија

(ВИДЕО) Богата програма за празникот Богојавление – Водици

Во рамки на програмата за одбележување на големиот христијански празник Богојавление-Водици, Општина Охрид организира голем концерт на балканската музичка ѕвезда Петар Грашо, кој ќе се одржи во пресрет на празникот на 18-ти јануари со почеток во 20 часот на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“.

На 19-ти јануари на денот на празникот, со почеток во 10 часот на Градското пристаниште ќе се одржи голем црковно-народен собир по повод Богојавленскиот водосвет и традиционалното фрлање на Светиот крст во водите на Охридското Езеро.

Во насока на збогатување на содржините за гостите, на 20-ти јануари во рамки на манифестацијата Денот на рибарите, на празникот Свети Јован Крстител, на Градскиот плоштад со почеток во 12 часот ќе се одржи концерт на македонската фолк ѕвезда Миле Кузманоски.

На почеток