саб. Фев 22nd, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Поротничката од “ТНТ” Лилјана Кочовска, поднела неотповиклива оставка

Лилјана Кочовска, поротникот во случајот ТНТ чиј мандат беше истечен, денеска до судот поднела неотповиклива оставка. Во оставката навела дека се  повлекува од здравствени причини.Таа пред почетокот на судењето за „ТНТ“ писмено го известила Кривичниот суд дека се повлекува.

Ова пред почетокот на судењето го соопште судијата Огнен Ставрев. Тој додаде дека законот во ваков случај предвидува постапката да започне од почеток.

Инаку поротничката Ивановска Кочковска се повлекува по втор пат.

Инаку во судница не се појавија ниту обвинетиот Тони Трајковски, ниту обвинетата Елизабета Најдовска. Адвокатите кажаа дека не добиле покана.

фото: Архива