чет. Апр 2nd, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Пазарџиите од „Зелен пазар“ протестираат против поскапиот паркинг во Центар

Пазарџиите од Зелен пазар во Скопје изутрината излегоа на двочасовен протест поради поскапувањето на паркингот во општина Центар. Според нив поради цената од 70 денари за еден час паркирање, им се нарушува и онака слабиот промет на пазарот.

Инаку Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар” минатата недела донесе одлука со која од  8 овој месец цените за паркинг за еден час на комерцијалните паркиралишта со кои стопанисува се зголемија за 20 денари.

Целта, како што појаснија, е да се намали бројот на паркирани возила во централното градско подрачје.

Фото: Архива

КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИТЕ ОД КОРОНАВИРУСОТ: