Македонија

АА: Владата го отежнува бизнисот, повторно ги зголемува стапките за придонес на плати

Наместо реална поддршка на приватниот сектор и транспарентност кон граѓаните за над 21 милиони евра собрани во 2019 година како резултат на пораст од 0,4% за задолжително инвалидско пензиско осигурување и за 0,1% задолжително здравствено осигурување , владата го прави следниот пораст на истите со удирање врз приватниот сектор и оставајќи ги граѓаните и понатаму без подобрување на здравствените услуги иако здравствените придонеси се зголемени, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.

Исто како и минатата година, оваа година не најде со дополнителни измени во законот за придонеси и задолжително социјално осигурување кои започнуваат од јануари 2020 година, кои измeни вклучуваат:

  1. Зголемување на задолжителните придонеси за инвалидско пензиско осигурување од 18,4% на 18,8%.
  2. Зголемување на придонесите за задолжително здравствено осигурување од 7,4% на 7,5%.

Врз основа на новата разлика на придонеси, просечната (бруто) плата заклучно со октомври 2019 година изнесува 38.227,00 ден и бројот на вработените заклучно со третиот квартал на 2019 година е 799 546 вработени, приходот во пензискиот инвалидскиот и здравствениот фонд, од новата разлика за само еден месец се очекува да биде зголемен за 2 487 187 евра, додека за целата 2020 година разликата од зголемените приходи ќе биде 29 846 244 евра.

Со оглед на тоа што претходните зголемувања на придонесите во 2019 година не доведоа до подобрување на здравствените услуги како и социјалните услуги за пензионерите, цениме дека зголемувањето на придонесите само му штети и го ослабува приватниот сектор, кој сè уште е без реална моќ и поддршка за реализација на економскиот развој на земјата.

Затоа е природно да се постави прашањето: За што служи новиот пораст на придонеси доколку истиот не се одрази на животниот стандард на граѓаните?

Алијанса за Албанците проценува дека потребата за подобрување на здравствените услуги е исто толку итна како и зголемувањето на пензиите, но тоа не треба да значи одземање од една рака на граѓаните за давање на другата, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.

фото: Архива

 

На почеток