Македонија

(ЖИВО) Карневал Вевчани 2020 г

Денеска сите патишта водат кон Вевчани. Цела ноќ спроти Василица се до утрото, според старата традиција, маскираните вевчански василичари одат од куќа до куќа, посетувајќи го секое семејство во Вевчани, каде тие се дарувани од домаќините, а церемонијата заврши на Вевчанските извори.

Вевчанскиот карневал стар повеќе од 1400 години претставува интересен спој меѓу паганското и современото. Се празнува на 13 и 14 јануари секоја година и е посветен на Св. Василиј Велики. На тој ден се дочекува Новата (православна) година, а се испраќа старата. Инаку, тој е пагански обичај кој тука се сочувал се до денешни дни. Учесниците во него се нарекуваат василичари. Тоа се маскирани поединци и групи од сите возрасти организирани по маала. Во 1993 година, Вевчанскиот карневал, односно Вевчани станува член на ФЦЦ-асоцијација на светските карневалски градови).

Вевчанскиот карневал почнува од локацијата на почетокот на Вевчани. Тука се собрани василичарите на двете групи: горномаалски и долномаалски, каде што конечно се извршени проверки на актерите со нивните традиционални маски и воопшто подготвеноста за почетокот на остварувањето на церемонијата на обичаите за карневалските празнувања. Тука се личностите во главни улоги за карневалската свадба и тоа одделно за горномаалските и за долномаалските василичари.

Традиционалните маски, како што се памети од памтивека, за василичарската свадба се маските на зетот и невестата. Тоа се две машки лица, преоблечени во старо вевчанско рачно изработено руво. Тие се придружувани од побратимите – маска на Ѓавол, а во поново време маска на Глупи Август. Маската на побратимите е од црна или од црвена боја, но таа треба да биде од страшна – пострашна. Маската, како што се верува, е нивно моќно оружје за да можат успешно да се справат со лошото и несаканото, кое, според преданието, го опкружува природата. Оттука, задачата на побратимите е да ги чуваат зетот и невестата од страшните суштества, магијата и од секаков вид зло што е готово да напаѓа. Свадбарите се василичари и тие се со маска приспособени за ноќни услови спроти Василица. И музиката за василичарската свадба ја сочинуваат вевчанци. Таа во полн состав е од зурли и тапани (свирки и тапани), еднакво за двете групи вевчански василичари.

Еве како година се празнува во Вевчани.

https://www.facebook.com/vevcanicarnival/videos/1426716800820085/

На почеток