Македонија

Кривична за осум лица – секојдневно сечеле од 15 до 20 метри кубни дабово огревно дрво од шума, државна сопственост

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Кичево, А.Ч.(43) од Скопје, Ф.М. (40) од Кичево, Е.М.(27) од Битола, Р.И.(20) од Прилеп, Е.М.(30) од Кичево, М.Р.(16) од Кичево и С.М.(33) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Пријавениот А.А., во периодот од втората половина на декември 2019 година до 09.01.2020, ги ангажирал останатите пријавени секојдневно да сечат од 15 до 20 метри кубни дабово огревно дрво од шума, сопственост на Р.С. Македонија, кои потоа со товарно возило ги транспортирале до домот на А.А. во с.Србјани, кичевско, и до крајните купувачи во Кичево и околните села.

фото: Архива

На почеток