Македонија

„Медена земја“ – прв документарец со две номинации за Оскар

„Медена земја“ влезе во трката за Оскар, со две номинации. Македонскиот документарец за Атиџе Муратова, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, ќе се бори за најпрестижната филмска награда за најдобар документарец и најдобар странски филм.

Главна идеја на филмот е да се прикаже припадноста на човекот кон природата и нарушување на природната рамнотежа преку судир на два различни начина на искористување на Земјините ресурси.

Продуцентот и монтажер на филмот е Атанас Георгиев, музиката ја направија членовите на групата „Фолтин“, а како музички супервизор се јавува Рана Еид од „ДБ Студиос“ (DB Studios) од Бејрут.

Церемонијата на доделување на престижната награда ќе се одржи на 9 февруари, ноќта во 02 часот по полноќ.

фото: Архива

На почеток