пон. Јан 13th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Маж во Колорадо Спрингс со нож избоде осум лица

Маж во Колорадо Спрингс, САД, избоде осум лица утрово на неколку различни локации, јави Си-Ен-Ен.

Полицијата соопшти дека станува збор за случаен акт на ширење насилство и дека осомничениот е уапсен кога бил совладан од страна на потенцијални жртви, пренесе Си-ен-ен.

– Се чини дека станува збор за случаен напад и засега е непознато дали постои врска помеѓу осомничениот и жртвите – соопшти полицијата.

Сите осуммина биле пренесени во болница, се додава во полицискиот извештај.

фото: Архива

 

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com