вто. Јан 14th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Пазарџиите и денеска на протест

Пазарџиите од „Зелен пазар“ и денеска на протест. Тие се категорични дека протестот не е организиран поради политички цели. Велат дека ќе протестираат се додека надлежните не ги слушнат нивните проблеми.

Инаку протестот на пазарџиите од Зелен пазар започна вчера. Тие го блокираат паркингот поради револтот од поскапувањето на паркингот во општина Центар. Според нив поради цената од 70 денари за еден час паркирање, им се нарушува и онака слабиот промет на пазарот.

Инаку Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар” минатата недела донесе одлука со која од  8 овој месец цените за паркинг за еден час на комерцијалните паркиралишта со кои стопанисува се зголемија за 20 денари.

Целта, како што појаснија, е да се намали бројот на паркирани возила во централното градско подрачје.

фото: Архива

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com