вто. Јан 14th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Тачи: ДУИ не е мој противник, подготвен сум да преговарам со нив, ако прифатат да бидам вицепремиер

Претседателот на ДПА Мендух Тачи, во емисијата „КликПлус“ на ТВ21 истакна дека чувствува дека СДСМ сака да направи влада без ДУИ. Претседателот на ДПА, Мендух Тачи во емисијата рече дека лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски му испратил посредник за да соработуваат.

Тој вели дека Мицкоски му испратил сериозен посредник од една странска држава, за да го убеди да соработува со ВМРО-ДПМНЕ.

Тачи додаде дека стратешкиот партнер на ДПА од 1999 година била ВМРО-ДПМНЕ која била западна ориентирана, насочена кон ЕУ, а дека денеска не ја познава таа политичка партија како таква.

Што се однесува до ДУИ Тачи вели:

„ДУИ не е мој противник, подготвен сум да преговарам со нив и да соработувам, ако прифатат да бидам вицепремиер“, рече Тачи.

фото: Архива

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com