вто. Јан 14th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Хаос кај Пендаровски, обезбедувачите на Иванов се вратиле во претседателската вила, тој им дал слободни денови

Обезбедувачите на експретседателот на државата, Ѓорге Иванов, кои денеска дојдоа на работа во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, добиле два слободни дена, дознава „А1он“. Кога изутринава тие дошле на работа во претседателската вила на Водно, а по телеграмата на министерот Наќе Чулев за укинување на наредбите од Оливер Спасовски, ним им било кажано да одмораат додека да се реши што ќе се прави понатаму. Тоа било најгалантно и најбрзо решение со оглед дека ситуацијата не била предвидена, пишува „А1он“.

Образложението им било дадено од вработен во кабинетот на Пендаровски објаснуваќи им дека за нивниот работен ангажман ќе се решава на највиско ниво. Тие, пак, очекуваат до четврток да се реши спорното прашање и да им се дадат работни задачи во кабинетот, каде што се вработени според решенијата што ги имаат.

Повеќе на А1ОН.МК

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com